| четврток, 6 декември 2018 |

Сите на стадион, за Македонија се работи!

u21 makedonija s irska

Денешниот голем празник за македонската држава 11. октомври може да биде испишан со златни букви во историјата на спортот.

Младата фудбалска репрезентација до 21 година го игра последниот и историски натпревар во рамките од квалификациите за Европското првенство. Последниот меч против Шкотска што се игра на арената „Филип Втори“ може да значи за првпат и пласман за еден фудбалски репрезентативен состав на голема завршница како што е Европското првенство.

Избраниците на селекторот Боби Милевски одиграа јуначки во досегашните девет натпревари собраа 18 бодови и се на делба на првото место во групата кое води директно во Полска. За да се оствари тоа Македонија вечерва во Скопје со почеток од 18.45 часот мора да ја совлада селекцијата на Шкотска, а директниот конкурент Исланд кој истотака игра на домашен терен да киксне против силната репрезентација на Украина. Токму Украинците можат да и го донесат историскиот успех на нашата земја доколку останат непоразени во Рејкјавик.

На Бабунски, Радевски, Барди, Аврамовски, Зајков… им е потребна огромна помош од трибините, од публиката од навивачите.

Денеска секој може да издвои 100 денари за карта, сите заедно да ја бодриме нашата репрезентација и на крај сите заедно да се радуваме на огромен успех. За Македонија се работи!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top