| четврток, 6 декември 2018 |

Живот по трагедијата: Познатата пејачка ги изгуби синот и сопругот, а еве како денеска изгледа

Црногорската пејачка Андријана Божовиќ доживеала голема трагедија кога останала без сопругот и синот. Иако тој болен момент и оставил трага на душата, Андријана собрала сила и продолжила со својот живот.

Андријана дала интервју за црногорските медиуми, каде ги советува луѓето како да постапат кога ќе се најдат во оваа болна ситуација, пишува српски ало. andrijana-2

– По тоа што го доживеав пред три години, животот повеќе никогаш нема да ми биде целосен. И не дај боже на никого тоа да му се случи. На некои работи едноставно не можете да влијаете, просто се случуваат. Тогаш имате две можности или да се затворите во четири ѕида и да кукате над својата судбина или да прифатите се што случува и да продолжите понатаму. Не е лесно ни малку, но сфатив дека треба што побрзо да ја прифатам реалноста за да ми биде полесно. Да, згубата на блиските е голем удар, но да изгубите дете е нешто за што нема адекватен збор. Имам друг син на кого сум му потребна и морам поради него да бидам насмеана. Едноставно одличив дека поинаку не може да биде. Секојдневната борба ве прави да бидете нервозни, исцрпени, песимистички да гледате на работите, но тоа не дозовлив да ме скрши. Моите мисли се променија, мојот став кон животот истотака, рекла пејачката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top