Холивудската ѕвезда Бен Афлек се најде среде голем покер скандал, кој се смета за еден од најголемите во историјата на САД, пишува списанието ТМЗ.
Афлек бил еден од стотината жртви на интернет страницата Ултимејт Бет, затоа што сопственикот на овој сајт за време на играта имал увид во картите на другите учесници, па така го зголемувал својот влог кога имал сигурна добивка со што ги оштетил другите играчи за неколку стотини илјади долари.
Според некои американски медиуми, Афлек на ваков начин изгубл околу половина милион долари, но магазинот тмз тврди дека станува збор за многу помала сума.
Американските власти му наложиле на сопственикот веднаш да им ги врати парите на сите кои во последните неколку години изгубиле пари играјќи на овој сајт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


