| четврток, 6 декември 2018 |

Лепа Лукиќ го криеше сопругот цели 16 години, ова е мажот на нејзиното срце

Пејачката Лепа Лукич веќе 16 години ужива во љубовта со бизнисменот кој е во пензија Милан Милановиќ, а во јавноста го престави пред три години. Милан со години работеше во Канда, па Лепа успешно го криеше, откако тој е во пензија, се врати да живее во Србија.

Инаку додека Лепа Лукиќ пеела по светот, Милан воглавно уживал во Јагодина.

frehplkeophrt

– Во мојот брак е се како што треба, но не сакам многу да зборувам за мажот и да се го експонирам. Зар треба да го ставам на тацна и да го покажувам на сите? Не сме ние деца, не ни треба тоа. Тој не се меша во мојата работа, тоа е добро и така функционираме. Кога би се мешал, ние не би биле заедно ни два месеца. Фала Богу, тој сака кога пеам. Често вели: Јас би бил најголем грешник кога би ти рекол дека не можеш повеќе да пееш“, на што јас му одговарам: „ Во тој случај повеќе не би ме имал, искрена била Лепа.

Лепа открила дека никогаш не сакала да биде во врска со некој од своите колеги.

– Никогаш не сум сакала да бидам со маж од естрадата, пејач или музичар. Секогаш сум сакала обични луѓе кои немаат врска со естрадата. Тој е краток здив, со таков човек ќе има многу љубомора, а не ми се ни допаѓаа луѓето од мојата професиоја, додала пејачката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top