За сите оние кои имаат аверзија кон редовното вежбање, научниците можеби ја имаат најдобрата вест – на повидок е таблета која го согорува салото, односно предизвикува слабеење само без вежбање и потење и се разбира вложување труд.
Се работи за хормонот ирисин кој е откриен кај глувците и луѓето, а се ослободува за време на вежбањето. Влегува во крвотокот и патува до масните клетки каде што низ биохемиски процес започнува трансформацијата на обичните масни клетки во кафеави, кои се пожелни бидејќи се метаболички активни. Со други зборови, го користат кислородот и за свое функционирање потребна им е нергија, а со самото тоа трошат и калории.
Многу од професорите кои работат на ова откритие сметаат дека со овие податоци уште еднаш само се потврдува колку вежбањето е всушност важно за организмот заради процесите кои тоа ги предизвикува и нивните придобивки.
Но, иако овој хормон е докажано дека помага и во зајакнувањето на срцевата функција и го подига нивото на калциум во телото, сепак го нема истото позитивно влијание на срцето и мозокот како самото вежбање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.