За разлика од сите други диети, Њујоршката само го содржи овој збор во неа, бидејќи по ништо не е слична со кој било друг режим на исхрана. Со оваа диета се ужива во храната и животот. Ова е моментално најздравата и најпопуларната диета, која ја држат голем број девојки, бидејќи во неа нема забрани и што е најважно, нема гладување.
До овие правила морате да се придржувате:
1. Јадете што сакате.
2. Јадете само и единствено кога сте навистина гладни.
3. Не прејадувајте се, туку кога ќе почувстувате дека ви е доволно престанете. Вашата шака нека биде мерило за количината која ви е потребна.
4. Ужините се неопходни. Купете крекери, костени или суво грозје. Секогаш имајте при себе некоја ужина за да го спречите брзото огладнување.
5. Слушајте го своето тело и јадете во кое било време што ви одговара. Ако ви се пријаде нешто, дури и да е 22 часот слободно јадете. Истото важи и за десерти, како пудинг и чоколади. Најважно е тоа да го правите умерено и во мали количини.
6. Поедноставете ги оброците. Докажано е дека што поголем е изборот на храна, толку повеќе ќе изедете. Задржете се на едноставни комбинации на храна или на иста вечера додека не ви се досади.
7. Не бегајте од протеините и целосните житарки. Лебот, оризот и тестенините не ви се непријатели. Тие се идеални за смислување и комбинирање на оброците. Единствено избегнувајте ги сите бели намирници.
8. Уживајте во зеленчукот, колку што сакате.
9. Најголем непријател ви е брзата храна.
10. Во животот воведете малку физичка активност. Каква било активност е добредојдена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


