| четврток, 6 декември 2018 |

Што добија, а што загубија Хилари и Трпам по синоќашната дебата

Доналд Трамп ги активираше своите обожаватели, но најверојатно ќе ги одврати несигурните гласачи; Хилари Клинтон повторно демонстрира дека е покомпетентна од него, но пропушти шанса да нанесе тежок удар на неговата кампања. Ова се главните коментари на аналитичари и експерти по втората претседателска дебата во САД. Реакциите на публиката се измешани, но владее согласност по прашањето дека тоа била една од најодвратните дебати во политичката историја на САД. Еве што победија и загубија двајцата претседателски кандидати на синоќешнoто шоу.

Што доби Клинтон

Кандидатката на Демократската партија успеа да ја задржи предноста пред Трамп, а првата студија на Си-Ен-Ен покажува дека според 57% од испитаниците таа победила. Таа беше далеку поприродна во форматот, што овозможува комуникација со публиката.

– Пред дебатата Клинтон командуваше со парадата, сега ги задржа своите придобивки. Во пракса изборите завршија, Трамп загуби, републиканците се во неволја, коментира поранешниот советник на сенатори и конгресмени од Демократската партија, Брент Бадовски пред специјализираното списание „The Hill“.

Нејзините поддржувачи го одредуваат однесувањето нејзино како „задоволително“ и велат дека таа ја задржала самодовербата пред агресијата на Трамп.

Што загуби Клинтон

Иако е се посериозен фаворит, Клинтон пропушти да нанесе катастрофален удар на Трамп, чија кампања е во тешка состојба во последните две недели.

– Таа навистина ја „оплеска“ дебатата во која можеше да го елиминира својот противник, прокоментира републиканскиот стратег Курт Андерсон.

– Последните неколку дена го покажаа на сите карактерот на Трамп и денешната дебата само потсети колку лош кандидат е Клинтон, вели тој.

Што доби Трамп

Во позадина на скандалот со вулгарните искази пред десет години и повиците на голем број републиканци да се повлече, Трамп успеа да ги задржи донекаде позициите, да го разгори повторно тврдокорниот електорат и да ги покрене прашањата околу ликот на Клинтон.

Според еден од главните поддржувачи на Трамп – сенаторот Џеферсон Сешнс, може да се зборува за победа на бизнисменот, бидејќи се справил добро во позадина на проблемите кои го опкружуваат и на фактот дека е во политиката само една година.

– Покажа храброст, покажа сила. Мислам дека луѓето го бараат тоа, прокоментира тој за „Политико“.

Што загуби Трамп

Според републиканскиот консултант Рид Гален, бизнисменот успеал да ги сочува своите позиции само привремено.

– Снимката ќе продолжи да се врти, а републиканците во Конгресот веќе се во спасувачките чамци. Не е доволно само да не се однесува како чукнат во текот на 45 минути, вели Гален.

Други републикански извори на „The Hill“ покажуваат дека изјавите на Трамп ја дефинираат културата на силување која ги штрекна младите во универзитетските кампуси низ цела Америка. „Мајките и младите никогаш нема да се вратат кај него, не дека некогаш биле во неговиот камп“.

Само гласачите ќе изгубат

„Никогаш немало дебата, во кој нападите, јазикот на телото и репликите до таков степен ја покажуваат длабоката поделеност и несогласување во оваа кампања, не само меѓу кандидатите, туку меѓу двете Америки“, прокоментира Вашингтон пост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top