Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври” ја донесе одлуката за доделување на државната награда „23 Октомври“ во 2016 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Република Македонија.
За остварување во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на проф. д-р Драган Даутовски, музички уметник, Иван Петрушевски, актер и Реџаи Исени, ликовен уметник.
За остварување во областа на науката и образованието, наградата им се доделува на проф. д-р Стефан Влахов, историчар и филозоф и проф. д-р Агим Пољоска, албанолог.
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 23 октомври 2016 година (недела) во 12 часот во Собранието на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст