Аларм од жолта фаза во Скопје и пелагонискиот регион прогласи денеска европската метеоролошка станица. Предупредувањето се однесува на врнежи од дожд.
Локално во западните и во северозападните делови врнежите ќе бидат пообилни, каде се очекува да наврнат 25 литри на м/2 воден талог. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, во западните делови повремено ќе се засилува.
Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, повремено ќе бидат обилни. Температури до 15 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.