„Викиликс“ објави дека главна врска во терористичките напади во Париз и во Брисел е Езхер Бегановиќ од Босна и Херцеговина. Тој е дел од повратниците од боиштата на Блискиот Исток и е осомничен за повеќе тешки дела на територијата во БиХ.
Хасан Хаидар Дијаб, експерт за безбедност, во интервју за Телеграф.мк вели дека токму повратниците од воените подрачја се главен безбедносен проблем за регионот.
– За жал, тие луѓе се подготвени на сѐ, со оглед на тоа што носат вахабиско-селефиска идеологија според која убиството на секој човек што не мисли како нив го отвора патот кон рајот. Мислам дека пред разузнавачките служби во Македонија, БиХ, Косово и во другите земји на поранешна Југославија стои голем предизвик – вели Дијаб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.