Според Законот за работни односи, вработеното лице, покрај правото на отсуство од работа за деновите на празници и неработни денови што се определени како слободни денови и се утврдени со Закон за празници, има право и на други слобони платени денови.
- Работникот има право да отсуствува од работа и поради заболување, односно нарушување на здравствената состојба;
- Доколку е дарител на крв, вработеното лице има право на платено отсуство од работа 2 дена;
- Вработеното лице има право на платено отсуство од работа доколку е ангажирано да врши непрофесионални функции за кои било избрано на непосредни државни избори, должности на кои е именувано од страна на судот, ако е повикано на должност на воен обврзник, за одбранбени должности, должности за заштита и спасување;
- Отсуство од работи поради бременост, раѓање и родителство;
- Работникот има и право и должност на свое постојано образование, дошколување и оспособување, како за потребите на работниот процес, така и заради унапредување на личните сознанија и способноста за извршување на работните задачи на работното место;
- склучување брак на дете ‒ 2 дена;
- склучување брак ‒ 3 дена;
- селидба во ист град ‒ 1 ден; селидба во друг град ‒ 2 дена;
- посвојување дете ‒ 2 дена;
- елементарни непогоди ‒ 3 дена;
- смрт на баба, дедо или друг член на семејството – 1 ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.