Џанлуиџи Буфон беше главниот магнет на македонската публика доцна синоќа пред, за време и по одигрувањето на натпреварот Македонија – Италија во квалификациите за Светското првенство во Русија.
По последниот судиски свиреж едно младо момче храбро им избега на луѓето од обезбедувањето и влета в терен, трчајќи кон голманот на „азурите“. Кога пристигна и побара внимание од Буфон, легендарниот голман му ја подари левата ракавица, а потоа среќното момче беше отстранет од обезбедувањето. Сепак, ќе има подарок од најдобриот светски голман за да има по што да се сеќава на легендарниот меч Македонија – Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.