| четврток, 6 декември 2018 |

Двојниот стрелец Имобиле: Бевме премногу наивни, но сепак победивме

imobb

Македонија беше близу до голем триумф над Италија, но таков развој на настаните спречи Чиро Имобиле. Голгетерот на Лацио доби шанса како стартер во националниот тим токму на мечот во Скопје и максимално ја оправда довербата, постигнувајќи ги двата гола за целосен пресврт во последните петнаесетина минути.

– Се чувствувам важно во репрезентацијата кога знам дека селекторот и соиграчите веруваат во мене. Тоа ми помогна да одиграм добро денеска. Секако дека сум среќен за головите, но ќе беше подобро ако порано си ја осигуравме победата. Бевме премногу наивни во второто полувреме, а откако го примивме израмнувачкиот гол не реагиравме како што треба, па набрзина примивме уште еден. Веќе рековме дека на репрезентативните средби такви падови се недозволиви, но ние за среќа одговоривме на предизвикот и го свртевме резултатот во своја полза, изјави Имобиле по натпреварот во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top