Борци од групата „Исламска држава” го нападнале кампот Башика, каде турските воени инструктори обучуваат борци, јави ТАСС, повикувајќи се на информации на телевизија Скај њуз Арабија.
Телевизијата наведе дека ИД ја нападнале базата Башика во северен Ирак. Засега нема повеќе детали околу ова.
Оваа недела, ирачкиот парламент усвои резолуција во која се инсистира на повлекување на турските војници од кампот Башика во Ирак, каде турски инструктори обучуваат борци за борба против „Исламска држава”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.