Изгледа дека под мачо – фасадата и мажите се ранливи суштества што само сакаат да бидат сакани и прифатени.
Терапевтот Стив Хорсмон успешно се занимава со совети за животот и држи работилници за мажите што сакаат да ги решат проблемите во нивните врски или бракови и да ги подобрат. По долгите години искуство со мажите, тој дошол до интересен заклучок што би можел да ги изненади жените.
– Жените би се изненадиле кога би можеле да ги слушнат моите разговори со мажите. Нашите расправи се контрадикторни на женските сфаќања на мажите. Тие дефинитивно не сакаат само секс, вели Хорсмон.
Поточно постои нешто што им е подраго од сексот. Верувале или не, тој тврди дека нежниот допир во комбинација со вербално или невербално одобрување им е подраго на мажите од самиот секс.
– Кога жената нежно со прстите го милува парртнерот и истовремено ја изразува својата поддршка и довербата во него, тој потег е помоќен од сексот, затоа што во тој миг мажот се чувствува силно и прифатено, тврди терапевтот.
А причината поради која мажите никогаш нема да признаат дека нешто толку едноставно им е подраго од сексот е тоа што тие се сигурни дека жените никогаш не би им поверувале за тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.