Целта е да ги објасниме штетните политики на СДСМ, Сорос и нивното вонбрачно дете СЈО. Сведоци сме дека подолг период Македонија се наоѓа под жестока негативна кампања на овие три субјекти и оттука чувствуваме потреба дека треба директно да се обратиме на граѓаните и да им ги појасниме политики кои тие ги водат, истакна Александар Пандов по денешната трибина на ГДОМ одржана во Свети Николе.
– Граѓаните едноставно ја препознаваат позитивната страна на политиката и негативатата страна на политиката. Секоја недела одиме во различни градови и таа пракса ќе ја продолжиме. Пораката е дека 2016-та година сме сега, Република Македонија и граѓаните кои живеат тука се политички писмени, треба да го искористиме најдемократскиот начин како да се спротивставиме на оваа негативна политика која ја водат СДСМ, Сорос и СЈО, а тоа е со пенкало во рака на 11 декември да излеземе масовно и да заокружиме за онаа политичка опција која мислиме дека носи просперитет, подобар живот и посреќни граѓани, објасни Пандов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.