| четврток, 6 декември 2018 |

Прво се пофали со куфер пари, а сега со автомобилот купен од бакшишот за една ноќ

%d0%b8%d0%bd%d0%b4%d0%b8

Пејачката Индира Арадиновиќ Инди предизвика незапаметен хаос на интернет, кога се пофали со куферот полн со евра кои ги заработи по настапот во Германија… Следеа десетина негативни коментари, а Инди на хејтерите им возврати уште пожестоко, така што се сликаше во „Ферарито“, кое наводно го купила со тие пари.

%d0%b8%d0%bd%d0%b4%d0%b83

Откако ја објави фотографијата со купот заработени евра, повеќето фанови ја испровоцираа, Инди ги избриша коментарите, па на сите кои ја критикуваа им порача:

-Не можам да верувам колку примитивен и глуп народ, а притоа се налепија како комарци дека сите овие пари се мои. Јас мислев дека луѓето се образуваат надвор од Инстаграм, освен што постираат само фотографии кои очигледно им бодат во очи, но и во душа… А моето работно место го доживуваат како место за проституција, колку што можам да вида,…. Не сум сама во таа работа… Немојте толку да сте љубоморни и зли… За секој на овој свет има место!

%d0%b8%d0%bd%d0%b4%d0%b82

Следеше нова серија на уште пожешки коментари, а Арадиновиќ долеа сол на раната откако позираше во „ферарито“ и уште допиша:

-Купено од бакшишот синоќа. Сега знаете колку заработив. Статус за простите души!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top