| четврток, 6 декември 2018 |

Вулгарните коментари скапо го чинат- Трамп ја губи поддршката меѓу републиканците

%d1%82%d1%80%d0%b0%d0%bc%d0%bf

Голем број високи функционери на Републиканската партија ја повлекоа својата поддршка за претседателкиот кандидат Доналд Трамп откако медиумите во САД објавија видео снимка од 2005 година на којашто се слуша Трамп како изговара вулгарни зборови за жените.

И покрај тоа што десетина високо позиционирани републиканци изјавија дека на изборите следниот месец нема да гласаат за него, Трамп истакна дека никогаш нема да се повлече од трката за Белата куќа и дека никогаш нема да ги изневери своите гласачи.

Последни, кои ја повлекоа поддршката на американскиот милијардер беа републиканскиот претседателски кандидат Џон Мекејн и поранешната државна секретарка Кондолиза Рајс.

Мекејн нагласи дека поради коментарите на Трамп повеќе не дава „дури ниту условна поддршка на неговата кандидатура“, додека Рајс изјави: „Доста е веќе! Доналд Трамп не треба да биде претседател. Тој треба да се повлече.“

Републиканскиот сенатор од сојузната држава Њу Хемпшир Кели Ајоти во соопштение наведе: Јас не можам и нема да ја поддржам кандидатурата за претседател на некој што се фали дека ги понижувал и малтретирал жените.

Таа додаде дека сепак нема да гласа за ривалката на Трамп, Хилари Клинтон, туку на гласачкото ливче ќе го напише името на Мајк Пенс, републикански кандидат за потпретседател на САД. Уште неколку републиканци изјавија дека ќе гласаат за Пенс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top