Шенки Маслани, човекот кој живее во Македонија, стана познат по својата опсесија со брендот Версаче во чиј знак е се што поседува. Шенки најави дека плнира да го смени презимето во Версаче, а овие денови низ Србија кружат гласини дека ќе оди во оваа наша соседна држава, каде ќе го угости Огнен Амиџиќ.
Како што се дознава од некои извори, блиски на продукцијата, Шенки одбил во овој момент да оди во Белград и гостува кај Огнен, додека Амиџиќ ијавил дека лично не го контактирал.
-Јас лично не сум го повикал, слушнав дека човекот е голем хит, па можно е некој од продукцијата да го побарал – рекол Амиџиќ за Еспресо.рс.
Но тоа не значи дека Шенки нема да се премисли и гостува во Ами Џи шоу, со оглед на тоа дека досега многумина прво одбивале повик за гостување, а потоа се предомислувале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.