| четврток, 6 декември 2018 |

Се ожени единствениот албански принц Лека

Принцот Лека, единствениот наследник на Зогу Првиот, последниот крал на Албанија, се венчаше во Тирана со актерката Елија Захарија, што е прва свадба на еден член на албанското кралско семејство од 1938 година.

На свеченоста присуствуваа над 20 претставници на кралски семејства, меѓу кои и српскиот принц Михајло Караѓорѓевиќ, шпанската кралица Софија, поранешната иранска царица Фара, романската принцеза Маргарета.

leka-2Зогу Првиот е прогласен за крал 1928 година а ја напуштил Албанија 1939 за време на италијанската инвазија, една година откако се оженил со унгарската принцеза.

На кралското семејство им било забрането да влезат во Албанија до 1990 година, пет години по смртта на Енвер Оџа, чиј што режим наследниците на Зогу ги сметал за предавници.

leka-1Елија Захарија, позната актерка во Албанија, студирала театарска уметност во Франција, додека 34 годишниот принц дипломирал на британската воена академија и работи како советник во албанското министерство за надворешни работи.

Албанското кралско семејство нема статус, а монархистичката партија нема никакво влијание во политичкиот живот на земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top