| четврток, 6 декември 2018 |

Мареј – Димитров во финалето на АТП турнирот во Пекинг

Британецот Енди Мареј и бугарскиот тенисер Григор Димитров ќе играат во финалето на АТП турнирот од Серијата 5000 во главниот кинески град Пекинг.

Мареј во првото денешно полуфинале беше поуспешен од Шпанецот Давид Ферер со 2-0, по сетови 6:2 и 6:3. По денешната победа билансот меѓу двајцата тенисери е 14-6 за Британецот.

Второто полуфинале кое беше закажано за 15 часот нема да се игра, бидејќи Канѓанецот Милош Раониќ поради повреда го предаде мечот на Димитров.

Финалниот дуел е закажан за утре од 13 часот и 30 минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top