Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски предмалку на неговата официјална страница на „Фејсбук“ најави три нови инвестиции.
– Одлична вест! Наскоро три инвестиции во три различни градови, Битола, Велес, Охрид и над 2500 нови работни места – напиша Груевски.
Лидерот на владејачката партија во моментов е во посета на САД, каде оствари неколку значајни средби.
– Се сретнавме со повеќе конгресмени, сенатори, други политички личности, со кој споделивме многу информации, дадовме детали за работи кои можеби доволно не ги знаеја, а со цел да помогнеме во остварувањето на стратешките цели на Република Македонија, зајакнувањето на односите со САД и секако нашата стратешка цел членство во НАТО, каде САД има клучно влијание, како и другите цели, вклучувајќи го членството во ЕУ и нашите планови за понатамошен напредок на Република Македонија, изјави Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии