| четврток, 6 декември 2018 |

Манчини ја презема селекцијата на Англија?

Поранешниот менаџер на Манчестер Сити би можел да се врати на островот и да го преземе националниот тим на Англија.

Според Скај Спорт, италијанскиот тренер е поканет да присуствува на вечерашниот натпревар помеѓу Англија и Малта на „Вембли“, а неговото присуство во Лондон ќе биде искористено за разговор со раководството на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).

Во моментов селекторската функција на Англија ја извршува Герет Саутгејт, но тој е само привремено решение по заминувањето на Сем Олердајс поради корупциски скандал.

Манчини во моментов е без работа откако го напушти Интер во август.

Како кандидат за селектор на Англија се спомнуваше и менаџерот Арсенал, Арсен Венгер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top