Двајца избирачи денеска починаа за време на гласањето на вонредните парламентарни избори во Бугарија. Во Софија почина 90-годишник, додека во Варна за време на гласањето почина 49-годишник, кој имал здравствени проблеми.
Во Бугарија денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори за 240 пратеници во Народното собрание. Во избирачките списоци впишани се околу 6.8 милиони граѓани, кои можат да гласаат на 11.700 избирачки места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.