Вчера во 13.25 часот во Велес на регионалниот пат Велес – Градско, во близина на местото викано Венуле, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило – влекач „сканија“ со штипски регистарски ознаки и приклучно „коегел“, управувано од Д.П.(1990) од Штип и товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од В.Ц.(1959) од Пробиштип.
Од здобиените повреди на лице место починал В.Ц.(1959) од Пробиштип. Смрт е констатирана од доктор од Итната медицинска помош.
На Д.П. му била укажана лекарска помош во Општата болница во Велес каде му биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.
Увид на лице место извршила увидна екипа од ПС ОН-Кавадарци. Сообраќајот бил во прекин до 16.45 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.