Египетскиот хороскоп е еден од најстарите. Се користел уште од древните фараони за управување на земјата, но и за ублажување на љубовните маки.
Поделен е на 12 знаци, а секој знак го раководи по еден бог. Врз основа на датумот на раѓање, лесно ќе откриете кое боженство ве штити и како да имате подобар љубовен живот.
AМОН (1 јануари – 2 февруари)
Во љубовниот живот Ве штити Амон – богот на пророците, кој на своите штитеници им дава талент вистински да се вљубат на прв поглед и тоа во вистинската личност. Кога ќе се случи тоа, а обично е во прашање некое јавно место, љубовта на вашиот живот ќе ја освоите со ведрината што ја зрачите. Таа тогаш не е во состојба да одолее на толкава позитивна и привлечна енергија. Упорни сте, но и ненаметливи, а својата волја ја спроведувате тивко и полека. На прв поглед изгледате студено, но, во суштина, негувате длабоки чувства. Некогаш изгледате незаинтересирано, што инаку значи маска за силна емотивност. Обично сте љубител на ромската музика. Не толерирате прељуба и лошите љубовни односи знаете на време да ги прекинете. Посесивноста, сепак, знае често да биде присутна во вашите врски.
СЕБЕК (3 февруари – 4 март)
Многу ја цените убавината и уметноста. Понекогаш надворешната убавина знае и да ве заслепи, но сепак сте рангирани меѓу најнапредните личности кога станува збор за емоции и сексуалност. Оригинални сте и неповторливи. Во емотивните врски имате потреба од интелектуална и пријателска размена. Освен тоа, не сакате да се врзувате само за една личност. Склони сте на експерименти. Брзо размислувате, добро запазувате и имате широк круг на пријатели. Многу сте искрени во емотивните врски и не поднесувате матни ситуации. Себек е бог-крокодил. Го чува живиот свет на реката Нил како и богатството на Египет. За вас ја има сочувано уметноста со вашата сакана личност да ја постигнете саканата хармонија. Кога ќе наидете на вистинската љубов, вие се врзувате за неа, за цел живот.
OЗИРИС (5 март – 9 април)
Многу сте романтични и сензуални. Склони сте кон идеализација на партнерот и на животот воопшто. Мора да научите да ги раздвојувате реалноста од желбата и мечтаењето. Полни сте со разбирање за другите и изразено сте продуховна личност. Неопходни ви се љубов и нежност затоа што без нив се чувствувате загубено. Често имате изразена интуиција, ја сакате природата, поезијата и животните. Потребно Ви е многу повеќе време да се вљубите. Но, кога љубовта ќе се роди, таа е цврста и сигурна. Ве штити Озирис – богот на плодноста.
ПTAХ (10 април – 2 мај)
Во љубовта сте импулсивни и полни со барања. Искрени сте, отворени, лојални па дури и невини. Затоа што Птах е бог на вистината, не се согласувате за врски што не се искрени. Обично немате многу трпение и поради вашите барања и импулсивни реагирања лесно ги прекинувате врските. Понекогаш знаете да бидете пргави затоа што вашата девиза е да ја плеснете вистината во очи. Личностите под заштита на богот Птах имаат многу партнери во потрага по вистинскиот. Но кога станува збор за вашиот избор на партнер знаете да донесете и практични одлуки. Обично избирате личност што цврсто стои на земја и на која може да се потпрете. Знаете да ја цените искреноста.
ХОРУС (3 мај – 16 јуни)
Во љубовен поглед вие сте како пеперуга. Не сакате цврсти врски, Ве привлекуваат авантури и нови познанства. Склони сте на жртвување на нешто што е ново, па дури и кога знаете дека правите глупост. Со задоволство се впуштате во авантури на патувања или со непознати личности. Често низ животот ве води љубопитноста. Имате страсна природа и очи што се, навистина, живи. Животот и љубовта за вас се секогаш трагање по нив и секој нов за вас е вистинскиот. Најмногу ви одоговара силна и стабилна личност, некој што може да го скроти вашиот немирен дух. Не поднесувате посесивни и љубоморни личности.
НЕФТИС (17 јуни – 21 јули)
Прекрасната Нефтис владее со овој најромантичен знак. Тие што ги заштитува се превдадени, со своите љубовници стануваат едно тело, една душа. Сензуални се, страсни и многу емотивни. Во потрагата по вистинската личност понекогаш го губите компасот и почнувате да лутате од една до друга личност. Љубовта и нежноста ви се попотребни од кој било друг знак. Знаете понекогаш да сонувате премногу, но доколку ви се укаже можност знаете тој сон и да го исполните. Многу сте креативни и ви се потребни многу начини за да се изразите. Поради пречувствителноста и ранливост морате многу да сте внимателни при изборот на партнер.
СET (22 јули – 18 август)
Имате многу жив темперамент. Сет е бог на громови и на бура, па затоа на вашите чувства им дава нота на жестока страст. Не се предавате лесно и од партнерот го барате максимумот. Секогаш сонувате за страст и за романса. Вашите критериуми се понекогаш толку високи што со задоволство подобро би сонувале отколку некој делумно да ве задоволи. Потребна ви е личност со уравнотежен карактер и темперамент, која ќе умее да се избори со вашите жестоки чувства. Но, сепак, не сте посесивни. Кога сакате тогаш целосно се посветувате. Тие што се помалку сигурни може лесно да ги исплашите со вашиот сигурен став, кој го имате кон светот и врските.
AНУБИС (19 август – 21 септември)
Одговорни сте, интелегентни и чесни. Емотивни и романтични, но често ви недостига иницијатива. Мора повеќе да вложите енергија и ентузијазам кога барате партнер. Во состојба сте да сакате некого долго време без да пробате да му се приближите и да почнете врска. Љубезни сте, дискретни и тешко се наметнувате, без разлика на квалитетите што ги поседувате. Склони сте кон претерано очекување, но сепак мора се спуштите на земја. Барате личност што ќе може да ги открие вашите квалитети. Сакате постепено љубовно заведување и во врската очекувате сигурност. Вашите врски како што поминува времето се посилни и посилни.
РA (22 септември – 15 октомври)
Вашите емоции се деликатни, одмерени, полни со внимание и љубезност. Ретко ви се случува да влетате во врска без обзири, досека авантурите за вас се исклучени. Сакате романтична атмосфера и љубовни игри. Нема да имате проблем да ја најдете личноста на вашиот живот, затоа што вие сте идеална личност за живот во двојка. Чувствителни сте на комлименти и долго ги паметите. Романтична атмосфера на почетокот од врската е просто задолжителна. Секогаш сте опкружени со личности од спротивниот пол, па затоа и често сте пребирливи. Сепак тука лежи опасноста. Не сте сигурни за вашиот избор и настанува колебање. Не навратувајте се на минатото.
ИЗИДА (16 октомври – 9 ноември)
Изида е божица на чудата и поради имате тоа магична моќ. Вашата насмевка го зашеметува секого. Во љубовта давате сè од себе и ни малку не се стегате да ја преземете иницијативата. Сакате партнерот секогаш да го правите среќен, дури понекогаш и немате мера во тоа. Премногу сте страсни, отворени, а такво однесување очекувате и од партнерот. За вас нема забрането овошје и тешко е да се одолее на вашите чувства. Упорноста ви е силна страна. Кога ќе се репите за за некого, тој сигурно ќе биде ваш. Вие ја водите играта и избирате. Да се најде саканата личност за вас е премногу лесно.
TХOT (10 ноември – 3 декември)
Често имате проблем со искажување на чувствата, посебно љубовните. Од една страна имате потреба за некој што ќе биде нонстоп до вас, а од друга страна сакате бегство и авантури. Најмногу ви одговара личност што секогаш ќе биде покрај вас, кога вам ќе ви биде потребно љубов и разбирање. Вашите потенцијали во љубовта најмногу зависат од расположението. Токму поради тоа вие често сте прикажани како таинстен човек кон останатите. За Вас љубовта е синоним на животот. Со задоволство ја преземате иницијативата. Најамногу ви одговараат долги врски, во кои станувате пријател со вашиот партнер.
ХATOР (4 декември – 31 декември)
Вие сте вљубени во љубовта. Тешко ја прекинувате врската. Потребен ви е партнер што ќе ве разбира, но и да се нурнува во длабочините на вашите чувства. Хатор е божица на уметноста и на музиката, па затоа вашите чувства се рафинирани и нежни. Иако ја сакате љубовта, често и се плашите од неа. Затоа и често изгледате како студена личност, која не може да биде освоена. Во љубовта сакате долги подготовки, а трпението го наградувате со голема страст. Имате голем сексуален потенцијал. Конзервативниот став и срамежливоста што ја покажувате, навистина се спротивни од тоа што го поседувате и го посакувате.
Извор: ХОРОСКОП МАКЕДОНИЈА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.