| четврток, 6 декември 2018 |

Музичарот Зоран Маџиров во кома од сообраќајна несреќа: Лекарите на КАРИЛ се борат за неговиот живот

Светски познатиот музичар Зоран Маџиров, кој по потекло е од Струмица, вечерва, тешко настрада во страотна сообраќајна незгода. Во коматозна состојба, Маџиров е префрлен на Карил во Скопје, каде лекатрите се борат за неговиот живот, потврдуваат извори од струмичката „Општа Болница“, пишува „Нова Македонија“.

Сообраќајната незгода се случила попладнево, околу 18,00 часот, кај „Пилав тепе“, на патот меѓу Струмица и Радовиш.

Според првичните сознанија, Зоран Маџиров со својот автомобил удрил во цистерна која била превртена на патот.

Од страотната сообраќајка тој се здобил со тешки телесни повреди и со возило на радовишката Итна помош е префрлен во струмчката болница, од каде пак под итно е префрлен на Карил во Скопје.

Според сознанијата до кои дојде „Нова Македнија“, Маџиров бил сам во автомобилот.

Инаку, тој со своето семејство живее во Загреб, Хрватска.

На светската јавност Маџиров и е познат како „ботл мен“, односно човекот кој свири на шишиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top