Едно лице е повредено во судар на патничко моторно возило марка мерцедес и тешко моторно возило влекач со кумановски регистарски таблички што се случи попладнево на патот Штип – Радовиш кај местото Краварник.
Како што соопшти портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова, во несреќата што се случила околу 16:40 часот со телесни повреди се здобил возачот на мерцедесот, кој е веднаш хоспитализиран во струмичката општа болница.
Портпаролот Панајотова вели дека во тек е увидот од страна на истражните органи со цел да се утврдат причините за сообраќајната незгода.
Сообраќајот се уште е во прекин и ќе биде пуштен по завршување на увидот од страна на истражните органи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.