| четврток, 6 декември 2018 |

Поучна приказна: Бог прави чуда од нашите недостатоци

Некој стар трговец со вода секое утро одел на изворот каде ги полнел своите две глинени грниња и ги носел на рамењата кај купувачите во градот. Едно од тие грниња било напукнато и затоа губел прилично вода до целта, а другиот беше целосно нов и донесувал прилична заработка.

Целото, ново грне било гордо на својата работа бидејќи во него носачот носел многу повеќе вода отколку во оштетеното, а оштетеното грне поради тоа се срамело.

Чувствувајќи се помалку вредно, пукнатото грне едно утро му проговорило на носачот:

“Се срамам бидејќи не можам да ти служам онака како што сакам. Свесен сум за своите ограничувања и дека поради мене не ја добиваш очекуваната заработка, бидејќи сум полупразен кога ќе стигнеме во градот. Те молам прости ми ја мојата слабост“

Идното утро, на патот од изворот спрема градот, сопственикот го прашал пукнатото грне:

“Погледни крај патот, што гледаш?“

“Прекрасен е, полн со цвеќе,“ одговорило грнето.

“Прекрасен е благодарение на тебе. Дали забележа дека цвеќето цвета само на твојата страна од патот, но не и на страната на целото грне? Тоа е бидејќи знаев за твојот недостаток па купив семе и го посеав на твојата страна од патот, а ти, не знаејќи, секој ден го полеваше. Веќе две години го берам тоа прекрасно цвеќе кое на мене и на моето семејство ни носи голема радост.

Кога ти не би било таакво какво што си, тоа цвеќе не би не радувало секој ден. Затоа не заборавај дека сите сме помалку скршени, но Бог знае да направи чуда од нашите слабости.“ 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top