Никола Груевски, претседател на владејачката партија ВМРО ДПМНЕ оствари средба со Ричард Хас, претседател на Советот за меѓународни односи – независнa, непартиска тинк-тенк организација, која Хас ја води уште од 2003 година.
Груевски е во посета на САД.
Советот за меѓународни односи важи за една од највлијателните во креирањето на американската надворешна политика. „Њујорк Тајмс“, „Њузвик“ и останатите највлијателни медиуми во САД Советот за меѓународни односи го опишуваат како јадро на една цела мрежа на луѓе и институции, кои експертите за американскиот политички живот, особено со аспект на надворешната политика, го именуваат како естаблишмент.
Зачетоците ги има во зенитот на Версајската мировна конференција, а Советот за меѓународни односи активно делува и денес. Активностите на оваа организација се застапени со презентации на ставови најчесто во „Foreign Affairs“ , или пак преку гостување на неговите видни членови од академската сфера вклучително и актуелниот претседател Ричард Хас во прајм-тајм емисии на главните американски ТВ станици каде најчесто акцентот е на надворешната политика, како на пример емисијата на Фарид Закарија на Си-Ен-Ен.
Листата на поранешни директори и членови на Советот е навистина импресивна, како на пример Дејвид Рокфелер кој е поранешен директор, а денес почесен претседател на Советот од надалеку познатата финансиска и нафтена династија, или пак Ален Далас директор на Советот преку 40 години, човек кој е најзаслужен за формирањето на ЦИА и извонредно влијателен во креирањето на американската надворешна политика.
Член на Советот за меѓународни односи бил и Хенри Кисинџер, доајенот на американската надворешна политика и непореклив авторитет кога се работи за американската надворешна политика.
На средбата со Ричард Хас, како што соопшти денеска партијата, Груевски ги афирмирал приоритетите на Република Македонија во однос на надворешната политика, при што особено била истакната заложбата за членството во НАТО алијансата како наша стратешка определба. Груевски го запознал соговорникот со деталите од мигрантската криза, како и мерките кои ги презема државата во насока на превенирање на пошироки последици. Истовремено, Груевски и Хас дискутирале и за политичката состојба во државата како и со значењето на престојните избори како единствен излез од наметнатата политичка криза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии