Сите знаеме дека овошјето и зеленчукот се здрави, но испитувањата покажуваат дека треба да се биде внимателен при изборот на овошје и зеленчук со оглед на нивната загаденост со пестициди. Веќе со години агенцијата „Environmental Working Group (EWG)“ го објавува нивниот список со „Нечиста храна“, а на врвот од оваа листа како најзагадено овошје со пестициди се најдоа јаболките.
Рангирани се 46 различни природни плодови кои кога би биле органски одгледувани ќе бидат многу здрави за нас. Според официјалните резултати од испитувањата, кај 67% од плодовите и откако добро ќе се измијат, пестицидите остануваат во нив.
Органски одгледуваните плодови се добар начин да се избегнат токсичните хемикалии кои ги содржат сите навидум здрави прозиводи. Нутриционистите секогаш препорачуваат балансирана исхрана со многу овошје и зеленчук, но кога внесуваме овошје и зеленчук внесуваме и токсини во организмот.
Пестицидите се поврзуваат со голем број на здравствени проблеми. Тие се канцерогени но и ги пореметуваат хормоните во телото, според Агенцијата за заштита на околината на САД. Меѓутоа стравот од пестицидите секако дека не е причина да се избегнуваат овошјата и зеленчукот, но се советува да се купуваат органски производи, особено кога станува збор за оние со тенка кора, како јаболката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.