По нападот во Париз, Ким Кардашијан се повлече од јавниот живот. Веќе не објавува ништо на социјалните мрежи и не излегува често од дома. Во нејзиниот дом е зголемено присуството на телохранители.
Вчера првпат беше забележана како излегува од апартманот во Њујорк со нејзината ќерка Норт во раце. Таа носеше фармерки и тренерка со капа.
Блиските пријатели на семејството потврдуваат дека ѕвездата е во многу лоша состојба по грабежот. Таа е уплашена и потресена.
Утринава одекна и веста дека засега реалното шоу на семејството нема повеќе да се снима. Веста ја потврди и продукцијата „E!“.
-Добрата состојба на Ким и нејзиното здравје ни се најважни во моментот. Сѐ уште не сме зборувале со продукцијата кога би продолжиле со снимањата – изјави ПР службата на семејството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Париз во пламен! Протестите прераснаа во улична војна, наскоро ќе биде воведена вондредна состојба?
-
Војна на улиците на Париз: Нема револуцијата без насилство (фото+видео)
-
Обвинет за сексуален напад ја лажирал својата смрт за да избегне затвор
-
Напад во Мелбурн: Прво се забил со возило, па напаѓал со нож