Денес италијанските медиуми пишуваат за случај Грацијано Пеле во репрезентацијата на Италија. Откако беше заменет во 60. минут од натпреварот против Шпанија синоќа, напаѓачот одби да му подаде рака на селекторот Џампјеро Вентура.
Јавноста жестоко го осуди потегот на Пеле, кој лесно може да се случи да биде казнет и да не допатува во Скопје.
Покрај случајот Пеле, селекторот има грижи и со средниот ред, бидејќи Рикардо Монтоливо се повреди на натпреварот и мораше да биде заменет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.