| четврток, 6 декември 2018 |

По булеварот „Борис Трајковски“ викендов ќе се вози по една лента

Град Скопје ги известува учесниците во сообраќајот  дека викендов, на 8 и 9 октомври, ќе се изедуваат прекопи за поставување попречни инсталациии на булеварот „Борис Трајковски“, па затоа сообраќајот ќе се одвива само по една лента.

В сабота ќе се изведуваат прекопи пред пред „Техноскоп“ и пред Салонот за мебел „Канапе“. В недела ќе се доврши прекопот на излезот од салонот за мебел „Кристина  Дамил“.

За време на изведувањето на прекопи булеварот нема  да биде комплетно затворен за сообраќај, односно ќе биде биде проодна во секое време една сообраќајна лента и сообраќајот ќе се регулира со знаменца. Исто така, ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација при вршење на прекопите. Прекопите ќе се вршат од 8 до 18 часот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top