| четврток, 6 декември 2018 |

Најскапиот пат на светот во Црна Гора: Три евра за 13 км регионален пат

Возачите во Црна Гора кои го користат патот Херцег-Нови-Требиње ги чини дури три евра и тоа за да поминат само 13 км. Пред тоа треба да поминат неколку пречки, како на пример крави на пат, јавуваат ТВ „Вијести“.
„Класична кражба, тешка кражба, бидејќи се во предизборна кампања рекоа дека пограничните општини нема да плаќаат, а ни ја одраа кожата. Утрово им дадов шест евра,а за што? Класична кражба,“ изјавил за „Вијести“, граѓанин на Херцег Нови.
„Скапо, тоа е шест марки за нас од Босна, а во два правци 12 марки. Некои поминуваат по двапати, така што е скапо, а патот е само кривини,“ вели гостин во Црна Гора од Билече.
Поради тие кривини голем дел од патот е со ограничена брзина од 40 километри на час.Дека технички е добро направен, говори и фактот дека има неверојатен број на знакови на предупердување од остри и дупли кривини, па црна или црвена точка. А,патарина се наплатува како за автопат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top