
На брегот на американската држава Флорида би можело да се судрат двата урагани Метју, кој го опустоши Хаити, и Никол, тропска бура која прерасна во ураган од прва категорија.
Како што јавуваат американскиот медиуми, прогнозите се дека Метју за кратко ќе ја погоди Флорида, но тоа не е најлошото што може да се случи.
По формирањето од тропска бура во ураган Никол на Атлански Океан, постои можност од приближување на две воздушни маси и создавање на таканаречен Фуџиварин ефект.

Првичните прогнози велат дека по ударот во Флорида, Метју би требало да тргне кон Атлантикот, а доколку дојде до контакт меѓу двата урагани, ситуацијата ќе биде поинаква.
Фуџиварин ефект значи дека двата центри на ураганите кружат еден околу друг и ја намалуваат оддалеченоста меѓу подрачјето на низок воздушен притисок. Ако тоа се случи, би значело дека Метју повторно ќе се сврти и ќе тргне назад кон Флорида за нов удар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


