Маријен Илиќ, според податоците на „Форбс“, од октомври 2016 година се наоѓа на 88. место на листата светски милијардери. Таа е на 6. место како жена која самостојно го стекнала богатството. Тоа е за три места подобро во однос на претходната година.
Маријен Бејоф Илиќ е родена на 7 јануари 1933 година во Детроит како ќерка на македонски имигранти.
Својот иден маж Мајк Илиќ, момче со македонско потекло, го запознала на 17 години. Една година подоцна се венчале и заедно имаат седум деца. За својот успех, покрај трудот и упорноста, Маријен вели дека е заслужен токму различниот карактер на сопругот.
Маријен отсекогаш вредно работела. Таа многу рано, само со десет години, почнала да работи во ресторанот на татко ѝ. Одела на државниот колеџ „Дирборн“, на кој стекнала диплома за либерални уметности.
Првата сериозна работа ја добила во Делта ерлајнс, пред да се омажи за Мајкл Илиќ. До раѓањето на третото дете била домаќинка, а тогаш го отворила првиот ресторан. Брзото напредување во работата и раст на профитот овозможил да вмеша прсти и во други работи, како што е дистрибуција на храна, развој на недвижнини и работа со коцкарници. Нејзиниот напредок трае до денес. Богатството на ова семејство денеска се проценува на 2,4 милијарди долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.