Ми се случи најважното и најрадосно нешто во животот – мајчинството! Го родив Kонстантин три години по операцијата за пресадување на бубрегот, а тоа никогаш немаше да го доживеам ако татко ми не ми го подареше бубрегот, раскажува Дневник Елена Димитриевска, една од ретките пациентки во земјата што успеала да стане мајка откако ~ бил пресаден орган.
Нејзините бубрези ненадејно откажале во мај 2012 година.
– Зошто тоа се случи с` уште не знам, а ни лекарите – нема никаква дијагноза. Добив модринки по телото, а
анализата на крвта покажа алармантно ниво на креатининот и веднаш ме ставија на дијализа. Тоа беше голем шок
за мене… Но, само 5 месеци следуваше пресврт на подобро – резултатите покажаа дека бубрегот од татко ми Стојче
ми одговара за трансплантација, а од мајка ми не. Но, по успешната операција, кога јас почнав да живеам сосема
нов, друг живот, без дијализа, без мачнини, почна да згаснува животот на татко ми. Само 5-6 месеци откако го
добив бубрегот, татко ми се разболе од рак на грлото кој се рашири и на белите дробови и тој набрзо почина. Многу
ми е жал што човекот благодарение на кого станав мајка не дочека да го види своето внуче – вели Елена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст