| четврток, 6 декември 2018 |

Како бајка: Македонска манекенка ги краси страниците „Харперс базар“

Ако го купите најновиот број на Американскиот Harper’s Bazaar ќе бидете дел од магијата која се случи неодамна на популарното езеро Комо во Италија, каде нашиот топ модел Елена Реи маестрално и доследно го претстави специјалниот едиторијал за венчаници.

2rei5-640x480

Во период од пет дена каде присуствуваше и еден од главните уредници на магазинот, помеѓу најпознатите вили кои датираат уште од 1635 година како што се вила Олмо или вилата Карлота, Елена Реи боженствено ги презентираше раскошните венчаници. Во самата кампања нашата Елена на моменти ни ја доловува грациозноста на Грејс Кели, или од друга страна пак беспрекорноста на италијанската принцеза Мариа Габриела.

3rei5-640x427

-Со ваков едиторијал за едно од најпрестижните модни списанија во светот, Елена Реи само го потврди своето место помеѓу врвните интернационални модели. Ваквите успеси на Елена се гордост за сите нас и воедно само потврда за она што го работиме, вели Алек Наумовски од нејзината матична агенција Моделс ИН.

4rei5-640x480

Во моментов Елена на кратко време престојува во Европа, но за неколку дена ангажманите ја носат во Сингапур и Токио.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top