| четврток, 6 декември 2018 |

Ким го измислила грабежот? Нема траги од ДНК, никој не ја слушнал како вреска…

Многумина тврдат дека Ким направила мета на грабеж сама од себе бидејќи се фалела со луксузниот накит на секој чекор. Додека оние кои сметаат дека реалити ѕвезда навистина претрпела ваков шок се чудат како ограбувачите можеле да поминат покрај толку луксузен и обезбеден хотел.

kim

Париската полиција има видео од криминалците, кои биле снимени од камерата на козметичкиот салон кој се наоѓа во близина на станот во кој Ким престојувала. Снимени биле додека бегале на своите велосипеди, а еден од мажите бил снимен и во поблизок кадар на снимка од стоковна куќа во истиот кварт. Полицијата сè уште е во лов на пет мажи осомничени за напад на Ким.
kim386
Нападот се случил навечер, додека Ким спиела. Влегле во нејзината соба, го украле накитот во вредност од неколку милиони долари ѝ се заканувале со пиштол, а таа ги молела за живот велејќи дека има деца. Потоа ѝ ги врзале рацете, и ставиле превез на уста, а потоа ја ставиле во када. Нејзиниот телохранител стигнал 2 минути подоцна.

Соседите на ѕвездата не слушнале ништо, а крадците не оставиле никаков траг од ДНК. Од друга страна, Ким изјавила дека врискала и пред и по грабежот, а нешто пред три часот наутро му се јавила на својот телохранител. Но, никој во хотелот не слушнал ништо. Ким и Каније го посетиле Париз за модната недела, а по инцидентот се вратиле во САД. Многу чудно е ѝ тоа што крадците успеале и да влезат во толку заштитен комплекс, но и во нејзината соба, заклучена од внатре, чудно им било и тоа што Ким носи толку скап накит со себе, што немало поголем број на телохранители и тоа што накитот го објавувала на социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top