Генералот Дитрих фон Заукен бил награден за храброст за време на Првата светска војна, а во Втората повторно бил активен и тогаш својата храброст ја манифестирал на бојното поле, но и „очи-в-очи“ со Хитлер.
Дури седум пати бил ранет за време на Првата светска војна, по што од германската држава бил награден со престижни ордени за храброст. Тој по завршувањето на војната останал во германската војска, а во еден период од животот бил испратен во Русија каде што научил течно да зборува Руски јазик.
Учествувал во бројни битки за време и на Втората светска војна и бил одликуван повеќе пати, имал репутација на голем војник кој што секогаш се обидувал да спаси што е можно повеќе свои соборци.
Во февруари 1945-та година, после 35 години служба во германската војска, бил исфрлен од војската затоа што се спростиставил на идејата да продолжи за него „бесмислената војна“. Само еден месец подоцна, повторно бил повикан затоа што бил премногу добар генерал и војниците не можеле да се снајдат на бојното поле без него.
Хитлер тогаш го повикал Заукен во својот бункер и му ги издал последните наредби – да ја брани Прусија од офанзивата на Црвената армија. Тогаш најблиските луѓе на Хитлер биле доста изненадени, затоа што општо било познато дека Заукен веќе јавно го покажувал својот презир кон Фирерот.
Заукен опуштено дошол во бункерот носејќи го својот витешки меч (нешто што било забрането за сите кои што биле во близина на Хитлер) и одбил да го поздрави лидерот на Третиот Рајх со нацистичкиот поздрав. Фон Заукен мирно го гледал Хитлер додека тој му ги издавал наредбите, а на крајот Хитлер му рекол „да поднесуваш извештаи до Гулитер Форстер“ кој бил локален лидер на нацистичката партија.
Тоа не можело да пројде кај искусен генерал како што бил Заукен. За него било незамисливо еден искусен пруски генерал да добива наредби и да поднесува извештаи до некојси партиски функционер.
Заукен го погледнал бесно Хитлер, меѓутоа Адолф бил преокупиран со мапите кои што стоеле на масата. Тогаш Заукен силно тропнал со тупаницата на масата и конечно го привлекол вниманието на Фирерот. Заукен го погледнал во очи и му рекол: „Немам намера да примам наредби од вашиот човек“.
Историчарите веруваат дека за такво нешто била потребна огромна храброст, затоа што многумина кои што му се спротиставиле на Хитлер најчесто биле стрелани. Фон Заукен отворено се побунил, ја одбил директната наредба на Хитлер и го понижил со тоа што му се обратил со „Хер Хитлер“, наместо со „Мајн Фирер“ (Господин Хитлер, наместо Мој Фиреру).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст