| четврток, 6 декември 2018 |

Вистинска драма: Џоли и Џенифер Анинстон заедно против Пит?

Со помош на адвокатскиот тим, Анџелина сака да ја натера Џенифер да сведочи за наводната долгогодишна зависност на Бред од алкохол и дрога, како и за неговите поранешни испади на бес.

Во настојувањето докрај да го оцрни Бред Пит и да победи во правната битка, Анџелина Џоли планира пред судот да ја доведе и Џенифер Анистон, поранешната сопруга на Пит.

По сè изгледа им нема крај на драмите околу разводот на најпознатата холивудска двојка, која долги години опстојуваше под брендот Бранџелина, пишуваат американските медиуми.

Со помош на адвокатскиот тим, Анџелина сака да ја натера Џенифер да сведочи за наводната долгогодишна зависност на Бред од алкохол и дрога, како и за неговите поранешни испади на бес.

Досега, славниот актер се согласи на договор според кој тој има привремено право да ги посетува децата во присуство на психолог, со претходен задолжителен тест за дрога и за алкохол.

– Бред е во безизлезна ситуација. Што и да направи, нема да заврши добро за него. Уште не знаеме како ќе завршат обвинувањата што Анџелина ги изнесе против него. Си поигра со него како со кукла – изјавил еден од адвокатите на Бред Пит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top