Германската министерка за одбрана Урсула Фон Дер Лејен ја предупреди Велика Британија да не го користи Брегзитот за да ја спречи ЕУ во градење на поблиска соработка во безбедносниот систем.
Германската политичарка и можна наследничка на канцеларката Ангела Меркел во изјава за весникот „Фајненшл тајмс“ вели дека идејата за заедничка Европска армија не е на агендата на ЕУ, но дека Германија бара заеднички цивилно-воен штаб што ќе го координира подобро активностите на европските армии.
– Барањето до Лондон не е само да не го блокираат европскиот развој. Не е добро да се спречува Европа во напорите да се организира подобро. Велика Бротанија сигнализираше дека е скептична затоа е важно да објасни за што се работи. Не се работи за Европска армија туку за фактот што ние европјаните ја прошируваме нашата заедничка и безбедносна олитика и работиме подобро особено во регионите каде што НАТО не е присутен како Африка “, вели Фон Дер Лејен за весникот.
Според германската министерка за одбрана, како што јави дописникот на МИА од Берлин, не се работи за маргинализирање на НАТО, туку за посилна ЕУ која ќе ја зајакне западната алијанса затоа што „на ЕУ му е потребен европски столб во НАТО“.
Според анализата на британскиот весник, Лондон би можел да ги опструира европските планови за поблиска соработка во одбраната за да добие предмет за трговија во преговорите за напуштање на ЕУ. Фон Дер Лејен, од своја страна, исто смета дека заедничкиот пазар нема да биде единствена проблематична точка во преговорите со Лондон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.