Телохранителот на Ким Кардашијан, кој беше мета на критиките бидејќи не ја заштитил старлетата за време на грабежот во Париз, ги избришал сите статуси каде е спомената Ким на социјалните мрежи, откако е откриено дека пред десет недели поднел барање за банкрот, поради долгови од преку милион евра.
Паскал Дувије бил во ноќен клуб одалечен неколку километри од хотелската соба во која во тој момент влегле петмина вооружени и маскирани ограбувачи, кои Ким Кардашијан ја врзале и и одземале скапоцен накит.
Многу експерти за безбедност сметаат дека токму неговата несоодветна реакција довела до овој инцидент.
Сега медиумите откриваат дека во јули годинава неговата компанија банкротирала. Се работи за фирма која дава услуги од областа на безбедноста и која соработувала со многу ѕвезди од Канје Вест до Блек ај пис. Вкупниот долг на компанијата бил преку еден милион евра.
После грабежот Дубије се закани дека ќе ги најде ограбувачите. Ким наводно не го сметала за виновен за тоа што се случило. Сепак на крај решила да го отпушти, а тој од социјалните мрежи ги избришал сите траги дека било кога работел за ријалити ѕвездата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.