| четврток, 6 декември 2018 |

И во банка и во продавница: Како да го изберете побрзиот ред

Никогаш не ви паднало на памет дека секогаш ќе доаѓате поврзо на ред на каса само ако забележите неколку работи, кои се дури и научно докажани

Во просек минуваме половина час чекајќи во ред, пресметале Американците, а бидејќи за нив времето е пари, а парите се штедат, решиле да се позанимаваат со овој проблем и да ни заштедат време, пари и нерви.

red-vo-prodavnica

1. Застанете зад купувачот што има полна количка – иако изгледа нелогично, Американците велат дека тоа е вистинскиот избор. Објаснуваат дека на секој купувач му треба време додека да се поздрави, да плати, да си ги спакува работите во кеси, да го земе кусурот, да го врати во паричникот… Во просек овој ритуал трае 41 секунда по човек. Па така, еден купувач со сто намирници во количката за овој ритуал ќе потроши просечно шест минути, а четворица со 20 намирници една минута повеќе.

2. Редовите на благајните од левата страна се движат побрзо – а тоа е така затоа што повеќето луѓе се деснаци.

3. Застанете во редот во кој работи жена – докажано е дека жените што работат на шалтери побрзо ја завршуваат работата од мажите.

4. Проверете што имаат во количките купувачите пред вас во редот – артиклите во цврсти пакувања не земаат многу време за скенирање, додека оние во меко пакување знаат да направат вистински проблем кој ќе трае цела вечност зашто касиерката мора да го внесе баркодот рачно.

5. Избегнувајте ги затурените каси – истражувањето покажало дека касиерките кои работат во каси забутани во агли, немаат прегледност на редовите, па работат побавно, пишува „Брајт сајд“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top