Според проекциите на американскиот Завод за вработување, листата на најбрзорастечки работни места во САД не бараат диплома. Тие покажуваат дека најбрзо се развиваат секторите здравствена нега и сервисните услуги.
Многу работни места во производството и администрацијата во последниве години се елиминирани, благодарение на технологијата и затоа на пазарот на труд се јавува потреба од друг тип на знаење. Се работи за т.н. “работни места на иднината“, а дебатата дали за овие работни места ќе биде потребна диплома или не, се уште е актуелна.
До 2020 година се повеќе ќе расте потребата од куќни и здравствени помошнички, а помалку нема да бидат потребни ниту керамичарите, ѕидарите, паркетарите, како и армирачи и водоинсталатери.
Во анкетата што ја спроведе Гласот на Америка, иако невработеноста меѓу оние со диплома е ниска, четири од десет млади се преквалификувале за работата која ја вршат, а се разочарани затоа што таа работа не им носи приходи на кои се надевале. Американските училишта, како што наведува Гласот на Америка, мака мачат со цел да фатат чекор со побарувачката на новите способности, што се потребни за техничките професии, што до пред десетина години воопшто не постоеле.
Во последните пет години има нови работни позиции на полето на здравствената и информациската технологија, потоа сигурноста на интернет, геопросторните системи и слично, а за да се подготви некој за работа, што се уште не постои е многу тешко, коментираат од американските колеџи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


