| четврток, 6 декември 2018 |

Путин и Ердоган разговараа за решавање на кризата во Сирија

er-put

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговараа за потребата за интензивирање на меѓународните напори за завршување на конфликтот во Сирија, соопшти Кремљ.

– Нагласена е потребата за зајакнување на напорите на меѓународната заедница да се оствари мирен политички процес во Сирија, да се создадат услови за смирување на ситуацијата и за решавање на акутните хуманитарни проблеми, се посочува во соопштението од Кремљ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top