Американецот Мајкл Феј (59) осум месеци работел како пилот на либиската чартер компанија „Африк Ервејз“ превезувајќи туристи кон и од лондонскиот аеродром Гетвик. Феј се населил пред повеќе години во англиската област Хемпшајар, се обезбедил со лажна пилотска дозвола и со медицински сертификат дека е здравствено способен да биде пилот и да управува со патнички авион.
Се вработил во либиската чартер авио-компанија, која е во државна сопственост, летајќи кон и од Велика Британија.
Лажниот пилот сега е во бегство, а британската полиција претпоставува дека е некаде во странство, каде веројатно бара нова работа како пилот или како летачки инструктор.
Британските власти го бараат за да му судат за измама, за поседување лажни документи и за загрозување на безбедноста во воздушниот сообраќај.
Случајот со лажниот пилот Мајкл Феј е сосема идентичен со случајот со еден друг Американец, филмски обработен во филот „Фатиме ако можеш“ во кој главната улога ја играше Леонардо де Каприо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


