| четврток, 6 декември 2018 |

Шкотска промаши пенал, Исланд ја искористи првата меч-топка

skotska-island

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година се уште има можност да обезбеди историски пласман на Европското првенство, но ако сака да оди директно во Полска ќе мора да ја победи Шкотска во последното коло.

Откако вечерва Исланд успеа да слави против Шкотска со 2:0 на својот претпоследен натпревар во групата и сега има 18 бодови, исто колку и Македонија од која сепак има подобар меѓусебен скор, а тоа значи дека ние мора да имаме барем бод повеќе од директниот ривал за највисок пласман. Исланд го очекува уште еден натпревар на домашен терен, овојпат против Украина.

Исланѓаните поведоа во 47. минута преку Трандарсон, а најголемата шанса за поволен резултат гостите ја испуштија четири минути подоцна кога МекБарни не реализираше пенал. До крајот домаќините зголемија преку Омарсон поставувајќи ги конечните 2:0.

Нашите млади репрезентативци на 11. октомври ја пречекуваат Шкотска во Скопје и со победа ни е гарантирано второто место пред гигант како Франција, а истовремено ќе имаме шанси да обезбедиме и место во баражот за ЕП. Доколку Исланд не победи, а Македонија ја совлада Шкотска, тоа ќе значи директен пласман на ЕП, или најголем успех на нашиот репрезентативен фудбал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top