Поранешниот португалски премиер Антонио Гутереш е едногласно избран од Советот за безбедност за нов генерален секретар на Обединетите нации (ОН). Веста ја соопшти рускиот амбасадор во ОН Витали Чуркин, откако 15-те членки на Советот за безбедност го одржаа шестиот круг од гласањето зад затворени врати.
Гутереш, кој беше на чело на агенцијата на ОН за бегалци до минатиот декември, го освојуваше првото место на сите претходни пет гласања.
Чуркин кажа дека Советот ќе сретне утре изутрина за и формално да го одобри изборот на Гутереш и да го препорача на Генералното собрание, кое треба да го даде конечниот збор.
Меѓу десетмината кандидати за наследник на Бан Ки-мун беше и македонскиот претставник Срѓан Керим, кој беше претпоследен на петтото гласање. Резултатите од шестото и последно гласање се уште не се објавени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст